Please click 'confirm' if you want to add Construction Workers to your home screen, or 'cancel' otherwise.

Проектот

Оваа веб-страница е резултат на проектот спроведен од страна на EFBWW (Европската федерација за градежништво и дрвна индустрија) со финансиска помош од Европската комисија (DG EMPL).

Зошто оваа веб-страница?

Привремената миграција, а особено испраќањето привремени работници е од големо значење за градежниот сектор бидејќи има доста мобилна работна сила, висока побарувачка на квалификувани и неквалификувани работници и силна конкуренција меѓу компаниите. Меѓутоа, начелото „иста плата за иста работа на исто работно место“ не се почитува секогаш.

Оваа веб-страница ќе им помогне на работниците да добијат конкретни, концизни и лесно достапни информации во врска со нивните права. Исто така, работниците ќе можат да стапат во контакт со работничките синдикати во својата земја или во земјата каде што се отидени за да добијат директна поддршка.

Во европски рамки, оваа иницијатива е одговор на Директивата 2014/67/EC во која се истакнува важноста на подобрениот пристап и транспарентноста во врска со условите за вработување во разни земји членки на ЕУ со цел да се обезбеди правилна примена на Директивата 96/71/EC, и со тоа да се заштитат правата на привремените работници.

Сите информации се достапни на сите официјални јазици на Европската Унија.